ПОЦ: Каблите биле поставени повеќе од 80 сантиметри пониско од прописот

Службите на „Паркинзи на Општина Центар“, собирајќи непрописно паркиран џип, утрово собориле две бандери и кабли во Дебар Маало.

По извршен увид на самото место од страна на овластени службени лица при МВР и мерките земени во моментот на случката на улицата Наум Наумовски – Борче (спроти кафулето „Круг“) било констатирано дека каблите, кои требало да бидат на висина од најмалку 4,5 метри, според член 37 од Законот за јавните патишта, биле повеќе од 80 сантиметри пониско од прописот, информираат од ПОЦ.

Висината на пајак-возилото со товар, според записникот, во тој момент била 3,7 метри, при што е констатирано дека не ги поминува пропишаните норми за висина.