ПОЦ денеска официјално ги отвори новите канцеларии за грижа за корисници

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) денеска официјално ги отвори своите нови канцеларии.

„Со отворањето на новите канцеларии за грижа за корисници создаваме посовремен, пофункционален и подостапен простор, во кој граѓаните ќе можат поедноставно и поефикасно да ги добијат потребните информации и услуги“, посочија од ПОЦ во објава на социјалните мрежи.

Оттаму наведуваат дека на отворањето, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски, ја истакнале заедничката определба за унапредување на услугите, модернизација на претпријатието и постојано подобрување на односот со корисниците.

Новите канцеларии за грижа за корисници се наоѓаат на приземјето на дирекцијата на ЈП ПОЦ, на булевар „Гоце Делчев“ бр. 14 во Скопје.