Побрз и побезбеден сообраќај: 120 метарски мост преку Вардар во населбата Ќерамидница

Пролетва ќе почнат градежните активности за булеварот кој ќе поминува низ населбата Ќерамидница.

Повеќе од 30 отсто од трасата на која треба да поминува новиот булевар во делот кај скопско Сајмиште е веќе расчистено.  За  изгрдабата на новиот коридор ќе бидат урнати 180 објекти низ Ќерамидница.

Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз.

Проектот предвидува и изградба на нов мост преку Вардар кој ќе ги поврзе општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Мостот ќе биде со должина од 120 метри, ќе се изгради во близина на хотелот Русија и ќе ги поврзе булеварот „АСНОМ“ во населба Аеродром со булеварот низ населба Керамидница.

Изградбата на новиот сообраќаен коридор треба да обезбедува развојна компонента на градот и да овозможи побрз и побезбеден сообраќај.