Побарани парични казни од по 2.000 евра за две лица во Скопје

 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои не го почитувале полицискиот час. Предложени се парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра.

Од ЈО соопштија дека спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, лицата биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа. На овој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. бк/са/

Извор: mia.mk