По здравствената и политичка, пристигна и енергетската криза

Македонците веќе втора година живеат во здравствена криза предизвикана од ковид пандемијата во светот.

Паралелно со здравствената и политичката криза, за која граѓаните велат, дека се провлекува предолго, граѓаните, во претстојниот период ќе имаат уште еден предизвик – енергетската криза која ќе донесе низа импликации - рестикции и раст на цените. 

Иако надлежните најавија дека нема да има поскапување на цената на струјата до Нова година, граѓаните се во неизвесност поради најавените рестрикции, но и она што ќе го донесат месеците од новата 2022 година.

Еве што велат граѓаните на оваа тема:

-Осиромашуваме секој ден малку по малку. Како да не беше доволна здравствената криза. Живееме под постојан стрес. Еве втора година одвојуваме пари од семејниот буџет за маски, витамини, тестирања при најмало сомневање, на страна ставаме за недај Боже некој член од смејството да не се разболи. Сега најавуваат и поскапување на цените што ќе биде дополнителен удар, пишува една скопјанка на социјалните мрежи. 

-Работиме, но за што, за други да се богатат, ние да преживуваме, додава таа. 

-Знаете како е, колку и да не се нервираме, сепак постои прикриен стрес. Со оглед дека се топлиме на струја, навистина не знаме како ќе биде, а сме со мали деца. Државата е неодговорна, реагира друг граѓанин.

- Политичката криза не следи цело време. Короната не доуништи. Сега и енергетска недостигаше. За жал македонската економија тоне, - е ставот на еден друг граѓанин.