По вторпат дошле да крадат во манастирот, но овој пат биле фатени на дело - уапсени две лица во Гостивар

Вчера во 13:45 часот во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода 15-годишник од село Дебреше и Ф.Џ.(20) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Во полицискиот билтен се наведува дека претходно, во ОВР Гостивар, Д.Ц.(44) од Гостивар пријавил дека околу 13:30 часот лицата биле затекнати во манастирот „Преображение Христово“ како одземаат пари оставени на иконите, по што ги вратиле парите.

Според пријавеното, двајцата на безбедносни камери биле забележани дека и на 30.05.2026 извршиле слична кражба.

Тие биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.