И денеска променливо облачно време, од попладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.УВ=6
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.