Најмалку 158 луѓе загинаа, а голем број се водат како исчезнати во катастрофалните поплави во Шпанија, који се сметаат за најлошите во земјата последните децении.
Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон.
Дождот, иако не се очекува да биде толку силен како оној што наврна на почетокот на неделата, претставува нов проблем за жителите. Бидејќи земјата е веќе заситена, понатамошните врнежи може да доведат до дополнителни поплави.
Наиот познат метеолог Слчавчо Попоски предупредува дека вакви природни катастрофи ќе има се почесто во светот.
- Факт е дека климатските промени постојат, и дека во иднина истите ќе бидат уште поизразени, а со тоа ќе има се поголеми и почести екстремни временски појави. Сега да објаснам како настанаа катастофалните поплави кои ја зафатија Шпанија овие денови, и кои однесоа голем број човечки животи. Имено, од Атлантикот према Шпанија навлезе голем бран на врнежи, кои беа поврзани со висински циклонски систем. Овие денови таму се случуваше судир на две воздушни маси, топлата од Африка, како и постудената од Атлантикот. Во ваква ситуација дојде до формирање на олујни грмотевични облаци, и токму тие придонесоа за екстремни врнежи од дожд кои предизвикаа огромни поплави, вели Попоски во својата метео-анализа.
- За крај на ова објаснување и анализа на времето, сакам да додадам дека во иднина ќе бидеме сведоци на уште поголеми екстремни временски појави, како што се, суши, појава на поплави, екстремно високи, како и на екстремно ниски температури на воздухот. Исто така ќе бидеме сведоци кога ќе имаме пролетни денови во зима, и зимски услови во пролет, како и лета со се поголем број на екстремни временски услови (голем број на невремиња и поплави, како и на екстремно високи температури на воздухот, нормално ќе има и лета кои ќе бидат посвежи). Сакам да кажам, дека треба да се навикнеме на се почести екстремни временски појави во иднина, потенцира тој.