По скандалот Македонија службено го доби дуелот со Грција на мечот во СРЦ Кале

Женската ракометната репрезентација на Македонија до 17 години дојде до победа на Европското првенство во Скопје,откако дојде по службен пат.

Нашите ракометарки ги освоија бодовите против револтираната Грција, чија селекција реши да го напушти паркетот, револтирана од македонската химна, македонското име, македонскиот идентитет и македонската публика.

Грците бараа да се тргне името „Македонија“ од маиците на стручниот штаб, а откако нашите не попуштија, ЕХФ наложи да се излезе на терен. Грција мина речиси една минута на паркетот, па реши да се повлече, а судијата ѝ го додели службено триумфот на Македонија.

ФОТО: Гол.мк