По синоќешната страшна несреќа, сообраќајот на Охрид – Кичево се одвива по една лента

Сообраќајот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, се одвива по една лента, наизменично, информираат од АМСМ.

Синоќа се запали автобус на патот Охрид- Кичево кај Пресека од засега непознати причини.

Во автобусот, освен возачот, немало патници, бидејќи возилото било упатено на сервисирање друго возило и не сообраќало на линија.