По силниот земјотрес во Грција, кој беше почувствуван и во Македонија издадено е и предупредување за цунами

По силниот земјотрес во Грција, кој беше почувствуван и во Македонија и Албанија, издадена е и тревога за цунами на брегот на Средоземно море.

Според соопштението на Европскиот сеизмолошки центар, постои опасност од забрзано растење на висината на брановите и затоа од луѓето е побарано да останат подалеку од плажите.

Јужниот дел на Грција го потресоа неколку земјотреси од кои најсилниот беше со интензитет од 6,8 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на околу 290 километри западно од Атина и на длабочина од 10 километри.

nike air max 1 sale