
Велешкиот суд во случајот за потпалување на викендичка во село Капиново во мај минатата година, која изгоре до темел им пресуди по седум години затвор на Ѓоре Петровски викан Американецот и Даниел Димески.
Претходно, за истиот случај Сашо Муневски призна вина и доби исто така 7 години затвор.
Според обвинението, Муневски и Димески влегле во викендичката и ја запалиле, а Петровски им помагал, односно им ја посочил локацијата.
Муневски рече дека ја запалил поради нарачка, но евентуалниот нарачател не беше обвинет, а Обвинителството соопшти дека тоа ќе биде предмет на понатамошна обработка.