По седум дена мистерија пронајдена исчезнатата скопјанка

Скопјанката Маре П., за чиј исчезнат случај нејзината сестра поднесе пријава во полиција на 9 мај, е пронајдена, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“.

Како што дознава „Фокус“, жената, која е лице со здравствени проблеми, самостојно се пријавила на лекување во соодветна здравствена установа, каде што моментално е хоспитализирана. Инаку и претходно се лекувала во истата установа.

Случајот предизвика јавен интерес откако на социјалните мрежи се појави нејзина фотографија со апел за помош при пронаоѓање, а како последна позната локација беше наведена железничката станица во Скопје.