По првпат светна крстот над Ново Село - Синоќа во Ѓорче се чествуваше Свети Гаврил

Православните христијани денеска го слават празникот Собор на свети Архангел Гаврил, во народот познат и како летен свети Архангел. 

Вчеравечер, во црквата „Св. Архангел Гаврил“ во скопско Ѓорче, се празнуваше името на чуварот и заштитникот на Ново Село - место каде што верата длабоко живее со народот, а традицијата е дел од секојдневниот живот.

- Годинава, по првпат, светна крстот над селото! Светлина што носи надеж, обединува и ја крепи вербата на сите нас. Нека ни е честит празникот! Да сте здрави, среќни и благословени.Св. Архангел Гаврил нека ве чува и води по патот на мирот и светлината! - порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски кој беше меѓу жителите на собирот.