По промената на името на државата граѓаните ќе ги менуваат документите кога ќе им истече рокот

По промената на уставното име на државата во Северна Македонија граѓаните нема да бидат изложени на трошоци за вадење нови документи на кои ќе стои новото име, вели премиерот Зоран Заев.

Тој појаснува дека во делот на внатрешната употреба на новото име промената на документите ќе се врши сукцесивно, како што ќе им истекува рокот.

– Тоа е согласно Договорот кој тоа го дозволува и им гарантира на граѓаните дека нема да имаат дополнителни издатоци за одредени документи и слично, односно ќе се почитува рокот за истекување на документите, вели тој.

Според него, ова ќе биде еден инклузивен процес во кој и грчката страна во буквална смисла ќе биде заинтересирана македонската страна, како што вели, ден поскоро, месец поскоро, година поскоро да влезе во ЕУ, а со тоа и самата примена на внатрешната употреба да биде забрзана.

nike air max 1 sale