По повод Светскиот ден на ментално здравје, општина Центар со интерактивни работилници во 4 училишта

Општина Центар по повод Светскиот ден на менталното здравје ќе организира интерактивни работнилници во 4 центарски училишта каде главен фокус ќе бидат адолесцените.

„Под менторство на д-р Славица Гајдаѕис, Институтот за брак семејство и системска пракса-Алтернатива ќе организира интерактивни работилници во 4 центарски училишта, а во фокус ќе бидат адолесцентите. Родителите и нивните деца на возраст од 10-14 години ќе имаат можност да добијат совети, помош и поддршка од стручни лица.

Менталното здравје не смее да биде табу тема. Со заеднички напор од страна на наставниците, стручните служби и родителите, можеме да изградиме заедница во која секое дете ќе се чувствува безбедно, слушнато и поддржано“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.