По повод Денот на АРМ, утре во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба

На 17-ти август 2018 година (пeток), со почеток во 19.00 часот, по повод 18-ти Август – Денот на Армијата на Република Македонија, во касарната ,,Илинден“ во Скопје, од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија.

Претходно, во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од 6 артилериски орудија.