По поштите на удар на крадците сега се обложувалниците

Вооружени напаѓачи прексиноќа ограбиле обложувалница во населбата Маџари. Разбојниците го однеле дневниот пазар и парите од сефот.

За кусо време ова е ново ограбување по големиот грабеж што се случи неодамна кога пет вооружени напаѓачи извршија грабеж во казиното во Порта Влае.

Во полицискиот извештај не се наведува колкав плен земале двајца разбојници. Се наведува и тоа дека настанот се случил на 26.01.2020 во 22.20 часот на улица „Благоја Стефковски“ и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.