По поројните врнежи, заматена вода за пиење во овој град во Македонија

Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена. Се препорачува превривање најмалку 10 минути.

Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде претходно имало излевање.

Екипи од ЈП „Комуна“, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежните служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.