По подолго време, паркот во населба Триангла е комплетно обновен

Засадени се преку 30тина дрвца, обновен тревниот дел, направена е реконструкција а дел од урбаната опрема е комплетно заменета.

Во наредниот период ќе се постави нова табла и обрач за кошарка и комплетно ќе се зацврсти и обезбеди детското игралиште.

Реконструкцијата на парковите ќе продолжи и во другите населени места на територија на Општина Гази Баба без исклучоци. 

ЈКП "Гази Баба 2007" и понатаму ќе продолжи да се грижи за животната околина, бидејќи тоа е од суштинско значење за секојдневното живеење на жителите од Општина Гази Баба.