По часови на дружба, флертување...Се сеќавате ли на ова место во ГТЦ? (ФОТО)

Да бакнеш девојка зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче, затоа што додека се стигне до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење, раскажуваат старите скопјани.

Седмо и осмооделенците беа предгрупи на корзото од седумдесетите во Скопје.Тие на корзото се движеа од 18 часот - дома мораа да се приберат во 20 часот .Малку постарите корзото го започнуваваа од 19 часот - шемата на корзото беше до 21 часот, потоа се одеше во некој од кафеаните, летните тераси пред Стоковна куќа и пред сегашен Пелистер..

Ве потсетуваме на оваа култно место во ГТЦ кое ќе ве наврати на спомените во младоста.