По овие карактеристики ќе ги познаете Вагите околу вас

Есента е годишно време што е познато како период во кој владеат вагите. Дали изгледам дебело во овој фустан? Ова е една од речениците што никогаш нема да ги слушнете од припадничките на овој хороскопски знак.

Тие поседуваат исклучителна самодовреба, реални се и смирени, а поради нивниот добар карактер секогаш се омилени во друштвото и на работното место. Ако за нешто треба да им се замери тогаш тоа е неодлучноста.

По овие карактеристки ќе ги познаете Вагите:

  1. Смирени и разумни, поради што ги ценат на работното место и во друштвото;
  2. Шармантни се и со нив е лесно да се говори па затоа сите ги сакаат;
  3. Душевниот мир е нешто многу важно во нивниот живот;
  4. Го сакаат дружењето, но се многу самостојни и сакаат да поминуваат време сами со себе си;
  5. Oптимистични и секогаш гледаат во иднината, а не во минатото.
  6. Посветуваат големо внимание на деталите;
  7. Секогаш се борат за правда, особено кога другите се во прашање;
  8. Нивната силна страна во пријателството и врските е фактот дека секогаш се подготвени за компромис и никогаш не ги слушаат само сопствените идеи;
  9. Не сакаат конфликти и кавги, па затоа бегаат од такви ситуации;
  10. Постојано нешто премеруваат, па затоа на другите им се чинат како неодлучни или пасивни;
  11. Сакаат убави нешта и луѓе, па понекогаш и несвесно флертуваат;
  12. Доверливи се, добри работници и секогаш доаѓаат точно на време;
  13. Во групните расправии ретко завземаат страна – многу е поголема веројатноста дека ќе бидат неутрални;
  14. Имаат добар вкус и точно знаат што им одговара, а што не;
  15. Имаат природна самодоверба и немаат обичај да се жалат на сопствениот изглед, на годините или на неуспесите.