По неколку дена од финалето, евровизиската „Proud“ веќе доби повеќе од милион прегледи

По неколку дена од финалето, евровизиската „Proud“ веќе доби повеќе од милион прегледи на „Јутуб“, а веќе неколку дена е во „трендинг“ на „Јутуб“.

Имено настапот на Тамара Тодевска доби позитивни коментари од цела Европа.

Тамара сподели на Инстаграм дека за само пет дена има повеќе од еден милион прегледи .

Иако Тодевска не победи, многумина ја нарекоа морален победник.