
ГРК Охрид му оддржа ракометна лекција на актуелниот првак Е. Пелистер во салата “Билјанини извори”, каде вчера славеше со резултат 29:25. Поразот изгледа тешко им паднал на Битолчани, па по завршување на мечот забележани беа повеќе инциденти.
Имено, како што пишува Охридњуз, крилниот играч на Пелистер Дејан Манасков го нападнал помошник тренерот на Охрид Крсте Андоновски.
Страстите се смириле подоцна во соблекувалната иако инцидентот официјално влезе во полицискиот бележник.
„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.