
Од Јавното Обвинителство известуваат дека двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегле на лице место на денешниот инцидент во кој е рането едно лице и преземаат увидни дејствија.
- Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат, наведуваат од ЈО.