По најавите за влез во трката за градоначалник: Секои избори ме прават кандидат, вели Трендо

По објавата на Скопје Инфо дека Сашо Мацановски Трендо најверојатно влегува во трка за градоначалник на скопската општина Центар како кандат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој за Фактор вели дека тоа не е точно.

-Секои изборни циклуси ме прават кандидат за градоначалник. Но, ниту сме разговарале со партијата, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ме прашале. Јас сум задоволен со тоа што го работам во моментов, така што навистина такво нешто не постои. Дури и се шегував со ваквите информации, напишав не на Центар, туку на Центар Жупа, вели Трендо за Фактор.

Инаку, изворите на Скопје Инфо велат дека иако кандидатурата се уште не е потврдена и тој истото го демантира, сепак имало преговори за влез на Мацановски во трката за градоначалничката позиција.