По кратка расправија избодел сограѓанин во Кисела Вода - уапсен 37-годишен скопјанец

Синоќа во 21:35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(37) од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 37-годишниот Д.В. бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека, по кратка расправија, со остар предмет го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел повреда.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.