По IQ сме претпоследни во Европа, вели Ина Многуфина за измамите со „Зара“ и „Аеродром“

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина „тера сеир“ на сметка сите кои наседнаа на измамите дека ТАВ Аеродроми продаваат изгубен багаж, а „Зара“ праќа пакети облека на домашна адреса. 

Дали интелегентните луѓе ќе повредуваат во овие измами?

- По IQ сме претпоследни во Европа, за 0.16 и бегаме на Албанија. И вчера гледам луѓе веруваат дека аеродром шитка изгубени куфери, па слики од задоволни примачи со романски имиња и одлично познавање на македонски, па тоа сликите све со здиплени алишта, ко во никој куфер никогаш. Само што си викам ради овие сме 81.91, денес гледам нова тура забава за едноцифрениве, Зара немала место во магацин па им праќала пакети дома, напиша Ина МногуФина. 

Од Тав Аеродроми излегоа со соопштение дека ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

Целата на овие измами е измамниците да стигнат до вашите лични податоци, па затоа надлежните постојано упатуваат апели да бидете претпазливи со кого ги споделувате истите.