По информациите дека има шуга, се огласи директорката на училиштето „Владо Тасевски“

По информацијата  дека по втор пат годинава се појавила шуга во основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле, се огласи и директорката на училиштето, Елка Даскалова.

„Почитувани родители, Ве известувам дека во 10:30 часот ќе во нашето училиште ќе се изврши вонредна дезинфекција, заради појава на изолиран случај на SCABIES (шуга).

Станува збор за ученик од второ одделение кај кој пред 8 месеци беше констатѕирана оваа болест.

Денес, повторно се случи истото и заради превентива ќе се постапи според утврдениот протокол на Центарот за јавно здравје“, пишува во соопштението.

Известувањето е објавено на интернет страницата на основното училиште.