По евровизиската сцена, победникот Олег се врати на фронтот

Олег Псиук кој е фронтмен на проектот „Калуш оркестра“, по победата се врати на фронтот во војната против Русија. 

Олег Псиук, фронтменот на фолк-рап групата, денеска е фотографиран пред својот хотел во Торино, Италија, со својата девојка Александра додека заминувал да ја брани Украина во војната против Русија.

Да потсетиме, по победата на Евровизија, одговарајќи на прашањето дали мислат дека победиле само поради политичката ситуација во која се наоѓа нивната земја, членовите на оркестарот Калуш изјавија дека нивната песна „Стефанија“ била многу слушана уште пред Русија да ја нападне Украина.