По епидемијата на западнонилска треска и тројца починати досега, вонредно прскање против комарци во Ѓорче

Општина Ѓорче Петров синоќа започна со вонредно теренско прскање против комарци, реагирајќи навремено да се намали нивното присуство и да се спречи дополнителен ризик по здравјето на жителите.

Вонредната мерка доаѓа во период кога во Скопје е прогласена епидемија на западнонилска треска, а бројот на потврдени случаи на заболувањето продолжува да расте.

Од оваа болест која ја пренесуваат комарци досега починаа три лица, а уште петмина се во критична состојба.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на Фејсбук објави дека прскањето се спроведува со цел заштита на населението.

„Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет!“, напиша Стојкоски.