По две години во бегство, скопјанец уапсен денеска во Арачиново - треба да лежи во затвор пет години

Денеска од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, во содејство со Интервентната полиција, околу 05:30 часот, во село Арачиново, лишен од слобода е С.И.(44) од Скопје.

Од МВР информираат дека С.И. се барал по централна потерница поради сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 став 3 од Кривичниот законик, за кое е осуден на казна затвор во траење од пет години.

Оттаму посочија дека лицето било во бегство од 2024 година.

Истиот бил предаден во Полициската станица за општа надлежност Гази Баба за понатамошна постапка.