По два-три збора за велосипедистите во изборните програми

Возењето велосипед од ден на ден станува многу популарно хоби помеѓу скопјани. Градот во изминатите неколку години имплементираше низа проекти за подигнување на безбедноста на велосипедистите во Скопје. Најважен од нив е проектот „Скопје - Велоград“.

Во пресрет на локалните избори истражуваме колку велосипедистите се застапени во програмите на кандидатите за градоначалник на Скопје.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ најавува проект за самоизнајмување на велосипеди како изградба на нови велосипедски патеки во должина од 20 километри. Понатаму, најавува продолжување на проектот за субвенциорање на набавка на нови 10 илјади велосипеди, изградба на велосипедски паркинзи и патека за екстремен велосипедизам на Водно.

Кандидатот од СДСМ најавува продолжување на проектот „Скопје – Велоград“и започнување на нови рути во рамки на проектот. Во неговата програма предвидено и изградба на пристапни рампи за велосипедистите како и продолжување на проектот за субвенции. Покрај тоа во програмата ветува и изградба на велосипедски патеки покрај реките Вардар и Лепенец.