Граѓаните на Кисела Вода се жалат, дождот намали, но не се намалија нивните проблеми со движењето по улиците низ целата општина, бидејќи по дожд, наликуваат на реки и езера.
На страницата „Расадник на можности“ се објавени неколку видеа од граѓани, кои се соочиле со овој проблем.
„ПО ДОЖДОТ.. Поплава! Неколку видеа што ни ги пратија соседите, жителите на Кисела Вода.. Благодарение на општинската власт во оваа општина треба чамец да си имате паркирано за да излезете од дома“, пишуваат тие.