По долгогодишни барања на родителите, асфалтирана препрека за успорување на сообраќајот пред едно училиште во Ѓорче Петров

Во Ѓорче Петров асфалтирана попречна препрека за успорување на сообраќајот пред ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ново Село. Како што соопшти градоначалникот на општината Александар Стојкоски ова е нова мерка за подобра безбедност на децата кои учат во ова училиште, но генерално и за сите кои минуваат на главната улица пред училиштето.

-Препреката е поставена кај автобуската станица, точно пред овој образовен објект. Наша обврска е да ги заштитиме нашите најмлади жители, преку ваков вид мерки кои носат успорување на сообраќајот, особено каде што се движат ученици. По долгогодишни барања на родителите, општина Ѓорче Петров излезе во пресрет на граѓаните за да се спречат евентуални сообраќајни незгоди кои можат да настанат. Општината останува и натаму на страна на жителите на Ѓорче Петров и секогаш во интерес на јавното добро, порача првиот човек на општината. 

Упати апел до возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината, согласно законската регулатива.