
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, по само пет месеци работа.
Според неговата објава, проектот се реализира пред предвидениот рок, а со завршувањето на реконструкцијата повеќе од 100.000 граѓани треба да добијат подобри услови за одвивање на сообраќајот.
„Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства“, наведува Ѓорѓиевски.
Тој порачува дека со проектот се исполнува ветување за подобрување на сообраќајната инфраструктура во Скопје.