По чист воздух на Водно

Маглата, придружена со смогот и лошата миризба можеа да се почуствуваат не само во централното градско подрачје, туку и во приградските населби низ Скопје.

„Многу мириса на чад, на неубаво, на гума, на гасови од автомобили. Нешто со автомобилите да се направи, да се распределат кој во кои денови да возат, според регистарските таблички или слично. Се чувствува во грло, ме тера на кашлање, и носот ми тече многу. Државата треба да најде некое чаре. Нема чаре за маглава“, велат скопјани.

Викендов на Водно, преполн паркинг и многу луѓе. Најмногу млади родители со своите дечиња. Велат дека решиле да се почестат со чист воздух. Горе на врвот, на Водно, за миг се заборава дека Скопје е загадено сите насмеани, уживаат во сонцето, заборавајќи дека во еден од џебовите на јакните, сепак носат маска која долу во градот, ги штити од загадениот воздух.

Водно, Соње, Кучково, Матка... се ретките локации каде што граѓаните од главниот град се обидуваат да избегаат од аерозагадувањето кое што е нај сконцентрирано во централното градско подрачје.