По четири дена извлечено телото на скопјанецот од езерските води кај Претор

Скопјанецот за кој беше пријавено дека скокнал во Преспанското езеро кај Претор бил извлечен починат вчера од страна на „тигрите“. 

- Вчера во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај село Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале, информираа од МВР. 

Увид извршила екипа на СВР Битола - ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција.