По бурните реакции за пријавување, УЈП смирува: Ако вие не можете да дојдете кај нас, ќе дојдеме ние кај вас

Ако вие не дојдете кај нас, ние ќе дојдеме кај вас. Вака некако звучи кажанаото од директорката на УЈП Сања Лукаревска по бурните реакции во јавноста, пренесува Фактор.

Лукаревска по бунтот на социјалните мрежи и укажувања од јавноста вели дека ќе има толеранција и дека ако некој не биде веднаш регистриран, нема да биде казнет.

„Ние доброволно  ќе направиме да дојде тука на шалтер и ние да одиме кај него преку мобилните даночни шалтери, кажа директорката на УЈП додавајќи дека оние пензионери кои не знаат да користат интернет не мора да ангажираат нотар туку може да отидат на  шалтер со лицето кое ќе го ополномоштат тоа да го направи во нивно име. 

Што се однесува пак до руралните средини, на терен ќе бидат мобилни даночни шалтери.

Аналитичарите кои ги консултираше Фактор велат дека  составувањето на првата електронска годишна пријава е ново и модерно решение, но се децидни дека тоа ќе им го „отежни животот„ на тие кои не седат пред комјутер цело време, особено на оние кои воопшто не знаат да работат. 

Децидни се дека мора да се најде и друг начин на реализација на овие измени, па предлагаат тоа да се прави во банките или дома кај пензионерите на пример.

Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници вели дека даночни обврзници се и пензионери, потоа дигитално неуки, како луѓе кои се болни дури и слепи, за кои овој бирократски чин на регистрација ќе биде посебно тежок.