По булевар „Борис Трајковски“ викендот ќе се вози по една лента

Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот, дека викендов,сабота  08.10 и недела 09.10 ќе се изедуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булевар Борис Трајковски.

Во сабота, 08.10, ќе се работат прекопи пред пред Техноскопа, а вториот пред Салонот за мебел Канапе. Во недела, 09.10, ќе се доврши прекопот на излезот од салонот за мебел Кристина  Дамил.

-Ве известуваме дека за време на изведувањето на прекопи булеварот нема  да биде комплетно затворен за сообраќај, туку истиот ќе се одвива во фазна регулација, , односно ќе биде биде проодна во секое време една сообраќајна лента и сообраќајот ќе се регулира со знаменца. Исто така ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација при вршење на прекопите. Прекопите ќе се вршат од 08.00 часот до 18.00 часот. Ги молиме сите учесниците , поради ефикасно и безбедно одвивање на сообраќајот,  да ја почитуваат поставената сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај, информираат од Град Скопје.