По барање на планинарите: Град Скопје направи промена во возниот ред на линијата број 25

На барање на планинарите и поради високите температури во летниот период, ЈСП „Скопје“ ќе воведе измена во возниот ред на линијата број 25 која сообраќај од Транспортен центар до Средно Водно. Промената во возниот ред ќе важи важи за време на викендите и државните празници.

Согласно новиот возен ред автобусот со број 25 наместо во 8:00 часот ќе тргнува од 7:30 часот. Измената ќе започне да се применува од викендот кој следи.