„По 80 години кал и лажни ветувања, конечно направена улица во Трубарево“ - Стефковски на терен

Асфалтирана е улицата 4 во Трубарево. Актуелниот градоначалник на Гази Баба и кандидат за уште еден мандат Бобан Стефковски денеска изврши увид на терен, каде што се во тек градежните работи на оваа улица.

- Конечно, после многу години чекање, и оваа улица доби нов лик. Се сретнав со граѓаните, кои со задоволство ми кажаа: „По 80 години кал и лажни ветувања – конечно се направи и нашата улица!“ Тоа е најголемата потврда дека сме на вистинскиот пат, порача Стефковски од терен. 

Тој нагласи дека во изминатите четири години, посветиле особено внимание на патната инфраструктура.

- Асфалтирани и поплочени се 170 локални улици. Не е сè завршено. Имаме уште многу работа. Кога станав градоначалник во 2021 година, не ветував чуда преку ноќ, затоа што знам дека вистинскиот напредок бара време, работа и чесен пристап. Ветив посветена, одговорна и чесна работа – и тоа го испорачуваме. Ден по ден, улица по улица, проект по проект – развојот се гледа и се чувствува, вели градоначалникот на Гази Баба.