По 60 години започна реновирањето на гледалиштето во Театар Комедија

Од Театар Комедија информираат дека денес започна реновирањето на гледалиштето – прво по повеќе од 60 години. Проектот опфаќа целосна санација на подот и поставување нови столчиња, а ќе трае до 20 ноември.

Од театарот најавуваат дека веќе на 28 ноември ќе се одржи премиерата на претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“, во режија на Билјана Радиноска и со Александар Ивановски како соработник на режија, во целосно обновен простор.

Реновирањето е финансиски поддржано од Polish Aid – програмата за развојна соработка на Владата на Република Полска, и од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.