По 60 години, реконструирана улицата „Жан Жорес“ во Маџари

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска бил на увид на завршницата на реконструкцијата на улицата „Жан Жорес“, на делницата од Кино Маџари до натпатникот кај ООУ „Наум Наумовски Борче“ во Маџари.

Тој посочи дека оваа реконструкција се реализира по повеќе од 60 години, а жителите на овој дел од општината конечно добиваат современа, безбедна и квалитетна сообраќајна инфраструктура каква што заслужуваат.

„Целосно го реконструираме коловозот. Изградивме нови, современи пешачки патеки, со што значително ги подобривме условите за безбедно и непречено движење на пешаците и возилата“, истакна Стефковски.

 Вкупната вредност на проектот изнесува 6.154.539 денари, средства обезбедени преку вториот јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти на Владата на Република Македонија, со кофинансирање од буџетот на Општина Гази Баба.

Реконструкцијата на улицата „Жан Жорес“ е еден од вкупно 20 капитални проекти што во овој период се реализираат во Општина Гази Баба, нагласи градоначалникот.