По 33 години, прва целосна реконструкција на горниот кат од објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска информираше дека по цели 33 години, за првпат се врши целосна реконструкција и обновување на горниот кат од објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче.

„Најмладите од септември ќе ги пречекаат нови и значително подобри услови за престој. Денеска го посетив објектот и извршив увид во текот на работите. На горниот кат се врши замена на подовите во сите занимални и простории, се заменуваат вратите и се бојадисува целиот простор“, истакна Митески.

Тој нагласи дека дечињата од септември ќе престојуваат во убаво уреден и целосно освежен простор, со нов мебел и нови дидактички материјали, создадени за нивниот пријатен престој, игра и учење.

„По 33 години, „Буба Мара“ добива ново и современо лице, а најважно од сè – подобри услови за дечињата“, порача градоначалникот.