По 200.000 денари субвенции за граѓаните кои ќе купат возила на хибриден или електричен погон, предложи Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави предлог до Советот за доделување субвенции до 200.000 денари на граѓаните и такси превозниците кои ќе набават нови еко-возила на хибриден или електричен погон.

-Градот Скопје се трудиме да биде модерен град во кој хуманото живеење и животната средина треба да бидат секојдневие. Советниците треба да гласаат за одлука за набавка на нови еко-возила на хибриден или електричен погон за граѓани и такси превозници.

Ова е пилот проект кој за првпат се имплементира во Македонија и со кој градот Скопје ќе субвенционира до 200.000 денари по возило. Ова ќе придонесе да се намали аерозагадувањето и ќе го поттикне јавниот такси превоз, кажа Арсовска.