По 200 години Плутон влегува во Водолија: Што ни носи овој транзит?

Некои планети се движат прилично брзо, но Плутон не е една од нив.

Photo by Angelo Abear on Unsplash

На оваа планета и е потребно многу време за да се сврти околу Сонцето, бидејќи тоа е најдалечната планета во нашиот сончев систем. Кога тој го менува својот знак, се случува огромна промена на лично и колективно ниво.

Тој е планета на моќта, трансформацијата, контролата, одлучноста, страста, истрајноста и интензитетот. Освен тоа, Плутон е поврзан и со раѓањето, смртта, сексот, психологијата и табу темите.  Откриен е во 1930 година, а го носи името по богот на подземјето.

На 23 март, по цели 225 години, Плутон преминува во иновативната Водолија каде ќе остане до 19 јануари, 2044 година. Ова е голем настан во светот на астрологијата. Претходно, Плутон помина 15 години во Јарец. Кога тој беше во дисциплинариот Јарец, забележавме голема промена и еволуција. На тој начин дојде до промени во начинот на работење и образување, што дополнително беше интензивирано со пандемијата.

Сега, работите се менуваат. Водолијата се занимава со слободата, флексибилноста, идеализмот и еднаквоста. Таа бара бегство од традицијата и е насочена кон промените, социјалната правда и реформите. Водолијата носи силна револуционарна енергија. Плутон во Водолија ќе го открие она што не функционира во нашето општество и ќе ни донесе големи промени. Тој има моќ да го оттргне она што не функционира и не е веќе потребно. Во Водолија, оваа планета вели дека луѓето ја имаат моќта, а не владетелите.

Што им носи овој транзит на хороскопските знаци?

Oвен

Патувањето на Плутон во знакот Водолија целосно ќе ја трансформира вашата визија за иднината. Ќе се забележите како воспоставувате поинакви пријателства, како го менувате начинот на комуникација и интеракција со другите и градите нова заедница околу себе. Вашите пријателства ќе доживеат голема трансформација. Тоа ќе ви помогне и да ги промените или потврдите своите лични вредности и да го направите она што не сте ни верувале дека е можно.

Бик

За вас се менува вашата кариера. Подгответе се да покажете лидерство на работното место но и да дојдете на сосема ниво на ова поле. Во следните две децении, Плутон ќе го трансформира овој дел од вашиот живот. Што ве кочеше кон тоа да ја искористите својата моќ и целосно да го искористите својот потенцијал? Ова се менува во натамошниот период, па затоа подгответе се за исполнување на вашите амбиции.

Близнаци

Подгответе се за промена во вашиот живот во следните две децении. Патувањето на Плутон во Водолија го менува вашиот начин на размислување, помагајќи ви да дојдете до нови искуства. Ве очекуваат и далечни патувања, но и нови вештини и учење кои ќе ви отворат нови хоризонти во вашиот живот. Голем дел од родените во овој знак ќе ги преиспитуваат своите вредности и верувања.

Рак

Плутон носи ново поглавје во вашиот живот. Но, не треба да се плашите да нурнете во својата психа и да се посветите на себеси. Тоа ќе донесе и длабочина во вашите односи. Плутон ќе ја извади вашата сила на површина, но некои процеси нема да бидат така лесни и едноставни. Но, ќе се чувствувате многу подобро и полесно.

Лав

Лавовите тргнуваат на ново патување, па затоа подгответе се за промена во вашите очекувања за себеси, но и од другите. Луѓето околу вас би можеле да служат како огледало во вашиот живот, па затоа не ја пропуштајте шансата да учите од нив. Време е да ги оставите игрите во минатото и да почнете да имате поголема контрола над својот живот. Тоа ќе ви донесе и значајни врски и пријателства.

Девица

Вашата работа и добросостојба се важни за вас, а овој транзит ќе ве поттикне да тргнете на патување во кое ќе поработите на менување на некои ваши навики. Можеби ќе го смените начинот на кој функционирате, или пак како ја градите структурата во вашиот живот, но тоа ќе ви донесе нова сила. Вашата продуктивност ќе се зголеми. Ова е транзит кој ве ослободува од навиките кои не ви се потребни, а ќе ви донесе нови навики кои ќе ве направат порадосни и поисполнети.

Вага

Влегувате во нова ера исполнета со страст. Ве очекуваат и креативни идеи, па затоа искориститете ги на најдобар начин. Плутон носи неверојатно убава магија во вашиот љубовен живот, па затоа подгответе се за романса и страст и нови луѓе во вашиот живот.

Шкорпија

Плутон е вашиот владетел, а во следните 20 години тој носи фокус на вашиот дом. Можни се големи промени на ова поле, или пак нова улога во вашето семејство. Како и да е, што и да се случи, голем дел од вашата улога во  домот ќе се промени и ќе бидете попосветени на овој аспект од вашето живеење.

Стрелец

Плутон тргнува на долго патување во вашиот сектор на комуникација, па затоа подгответе се за период во кој одлично ќе комуницирате со другите. Лесно ќе наоѓате значење во интеракцијата со другите и полесно ќе соработувате со луѓето околу вас. Сето тоа некако ќе ви има смисла. Ќе најдете голема убавина во тоа да сте присутни и отворени кон другите, но и тие кон вас.

Јарец

Плутон помина 15 години во вашиот знак, па така вашиот идентитет во голема мера се промени во овој период. Но, во следните две декади, ќе забележите промени во вашите лични вредности и ресурси. Ќе имате поголема контрола над вашите финансии, што значи дека би можеле да ги надминете финансиските проблеми или претераното трошење, ако тоа било дел од вашиот живот досега. 

Водолија

Плутон влегува во вашиот знак за прв пат во 200 години и тоа носи огромни промени во вашиот живот. Вие сте бунтовниците во хороскопот кои не се плашат да одат против другите. Ова ќе ви помогне да ја откриете својата моќ, па затоа немојте да бидете изненадени од тоа како вашиот живот ќе се промени во следните 20 години. Подгответе се!

Риби

Ова ќе биде транзит кој носи фокус кон себеси за вас. Ќе се навратите на минатото и ќе успеете да надминете некои проблеми или трауми кои постојат во вашиот живот. Побарајте поддршка од другите, ако некои фази ви делуваат тешки и предизвикувачки, но секогаш потпирајте се на својата интуиција.