По 17 години жителите на Трубарево добија канализација која функционира

  • Откако изградената фекална канализација уште од 2002 година беше оставена нефункционална, конечно по цели 17 години е оспособена, со што ставаме крај на септичките јами во ова населено место и жителите добиваат достојни услови за живот – изјавија од локалната власт во општина Гази Баба.

 

Канализациониот систем е во вкупна должина од 7️ километри од кои примарни и секундарни линии се изведени во должина од 5️ километри. Изградени се вкупно 3️ нови препумпни станици, а останува да се изгради уште една во Чукур Мало, како и 400 нови шахти за приклучоци на мрежата. Извршен е прекоп на регионалниот пат со што се поврзаа левата и десна страна на Трубарево во една колекторска линија која води кон населеното место Гоце Делчев, која претходно не беше воопшто поврзана. Со извршениот голем и сложен зафат за прекоп под железничката пруга се изврши поврзување со последната препумпна станица која ќе ги исфрла фекалните води под колосеците на пругата.

Со завршувањето на последната препумпна станица и сите краци кон неа овозможени се услови за голем број на корисници да почнат со користење на фекалната мрежа, а домаќинствата кои не се дел од мрежата ќе бидат поврзани бесплатно со изведен приклучок до нивниот двор.