По 15 јуни се враќаат и концертите?

Нема влошување на епидемиолошката состојба и нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. И вчера како и претходните денови се регистрирани мал број новозаразени, а се намалува и бројот на починати како последица од Ковид-19. Доколку продолжат овие бројки, по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера појасни дека тоа се однесува пред се на полицискиот час и на препораките за организација на другите настани.

–Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна Филипче