По 11 успешни детски театарски претстави „Скопје Сити Мол“ и „Синеплекс“ најавуваат продолжување на „Мој театар – Сити театар“ наесен

Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека претставите кои се одржуваа во недела во рамки на „Мој театар – Сити театар“ ќе продолжат да се организираат во текот на есента.

Имено, со дополнителната единаесетта театарска претстава заврши првиот циклус на „Мој театар – Сити театар“ кој Скопје Сити Молго организираше во партнерство со Синеплекс.

Во текот на 11 недели најмладите во Синеплекс кинотоможеа да проследат интерактивни, иновативни и едукативни детски театарски претстави со различни приказни и музика во живо.

Освен забавува и едукација, со посетите на Мој театар - Сити театар, децата имаа можност и да ја развиваат хуманоста бидејќи средствата од продажбата на билетите се наменети за донација.

„Чест ни е што најмладите ја препознаа нашата заложба да им обезбедиме незаборавно искуство преку кое тие учат, се едуцираат, но и ја развиваат љубовта кон театарската уметност. Заради огромниот интерес кај најмладите покрај планираните десет претстави, беше организирана дополнително уште една единаесетта претстава. Скопје Сити Мол не застанува тука, по заслужениот летен одмор Мој театар - Сити театар ќе се врати наесен на уникатната сцена во киното Синеплекс со побогати и нови содржини. И во текот на летото веруваме дека децата и нивните родители ќе продолжат да уживаат во содржините во омилениот трговски центар, како што се летната сцена и новото уникатно игралиште пред Скопје Сити Мол, како и во бројни други летни изненадувања - сѐ што сакаат.“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Дел од Мој театар – Сити театар е и хуманитарната акција „Од дете за дете“, преку која сите средства од продажбата на билети по симболична цена за претставите на крајот од годината, по завршувањето на вториот циклус од детскиот театар ќе бидат донирани на детска хуманитарна организација.

Повеќе информациии фотографии од детските претстави може да се најдат на Facebook фан страната на Скопје Сити Мол.

Сити Мол е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој ги обединува шопингот, забавата и дружењето веќе препознаен како обележје на модерно Скопје. Освен модните брендови, понудата на Скопје Сити Мол ги опфаќа и сите сервисни услуги, потреби за домаќинство, козметика и убавина, книжарници, детски катчиња со забавен и едукативен карактер, тематски и семејни ресторани, брза храна, кафулиња, кино, играчница и многу други содржини кои заедно придонесуваат купувањето и дружењето да станат вистинска, врвна забава.

Оваa година Скопје Сити Мол го слави 10-от роденден.